Нашите клиенти и нашата работа
ЕВН Македонија
Една од поголемите фирми во нашата република. Нашите први чекори почнаа со оваа фирма 1998 година, во тогашната ЕСМ Скопје, прво со трговија на разни сервисни делови од областа на енергетиката , а од 2001 година до 2005 година изведба на трафостаници 10/20kV од 50 до 1000KVA со изведба за растеретување на постоечката со новата ниската воздушна мрежа.
Т-Хоме (Мак. Телеком)
Соработката со оваа фирма ја одржувавме како фирма подизведувач и таа соработка се одвиваше од 1999 до 2006-та година за сервисните потреби од јакострујни до слабострујни инсталации. Од 2011 година нашата фирма како подизведувач е вклучена во проектот на T-Home (Македонски Телеком) fiber to the home за инсталација на оптичката мрежа ширум државата.
УСАИД Македонија
УСАИД Македонија како донација во републикава изгради водоснабдителни станици на места каде имаше проблем со водата. Во дел од тие проекти и Трафо-вод Скопје зазема место како изведувач на трафостаницата, доводот за пумпите и тоа во с.Куклиш-Свидовица, с.Миравци-Гевгелија, с.Бадар-Катланово
Т-Мобиле (Мобимак)
За Мобимак имаме изведувано повеке трафостаници ширум републиката со довод за базните станици
Кинотека на РМ
Изведен нов НН довод од ТР до ново НКРО и поставена нова МРО одвојување од постоечкото МРО. Комплетна нова инсталација во кинотеката.
РЖ Услуги
Во 2009 година за потребите на РЖ услуги во Гасната Централа проектиравме изведовме електрични инсталации за комплетното осветление на објектот.
Годишни договори за одржување и сервисирање
За АРМ имавме годишни рамковни договори со кои обезбедувавме одржување на електричните инсталации ширум Републиката.

Општина Петровец тековно одржување и изработка на нови проекти

Општина Аеродром тековно одржување и изработка на нови проекти

Општина Центар тековно одржување и изработка на нови проекти.

Општина Чаир—тековно одржување .
Станбен и деловен простор
Во текот на поновата историја на нашата фирма имаме изведено неколку помали комплекси.